Категории

Спектакуларен концерт на Дејвид Гарет кој не смеете да го пропуштите

Овој виртуоз на виолина, кој успева да го спои неспоивото од Моцарт до Металика, важи за еден од најпосакуваните ергени на класичната музика.

Дејвид Гарет покажува особен интерес за виолината уште од својата 4 годишна возраст. Веќе на 11 години ја добива првата Страдивариус виолина од германскиот претседател во тоа време што го потврдува неговиот неверојатен талент. 

До својата тринаесетта година, тој  како  најмлад уметник добива ексклузивен договор со “Deutsche Grammophon Gesellschaft”, а во 1999 година, кога е на врвот на својата кариера ја пренасочува својата енергија и одлучува да го напушти својот предодреден пат како класичен виолинист.

Во 2008 година влегува во Гинисова книга на рекорди како најбрз виолинист кој познатата композиција Бумбаров лет ја отсвирува за само 65 секунди.

Eксклузивна можност да уживате во концертот на класичната и поп-рок музиката од звуците на виолината на виртуозот David Garrett во Софија на 4 Февруари 2018 година за само 99 евра. Во цената на аранжманот е вклучен превоз со високо туристички автобус, влезница за концертот, сместување во двокреветни соби во хотел со 3* на база на ноќевање со појадок, организација на аранжманот и придружник на патувањето. Резервирајте навреме на 02 3121 166 или 075 272 843 #travel #happiness #happy #flyturizam #amazing #hotel #concert #davidgarrett #instatravel #love #bestoftheday #timeforvacation #vscoskopje #vscomacedonia #фотонаденот #фотонанеделата #инстаграмџики #инстаграмџии

A post shared by FLY Turizam (@flyturizam) on

Во 2011 година, Дејвид e поканет да настапи пред Кралското семејство во “Royal Variety Performance”. Иако се очекува да изведе некој од познатите класици, Гарет ја изведува насловна верзија на Нирвана “Smells like teen spirit”.

Неговата цел да го разбуди интересот на младата популација за класична музика  ја остварува со својата група  во состав клавијатура, гитара и тапани одржувајќи концерт кој вклучува класични сонати (во придружба на клавир), аранжмани, композиции како и рок песни. Со еден збор класиката ја претвора во поп и “crossover” стил и на 37 години високо котира на листата на светски виолинисти.

Сега и вие имате ексклузивна можност да уживате во неговиот концерт на класичната и поп-рок музиката од звуците на виолината на овој виртуоз во Софија на 4 Февруари 2018 година, благодарение на Флај Туризам за само 99 евра. Во цената на аранжманот е вклучен превоз со високо туристички автобус на наведената релација, влезница за концертот на Дејвид Гарет, сместување во двокреветни соби во хотел со 3* на база на ноќевање со појадок, организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Не ја пропуштајте оваа единствена можност да бидете сведоци на вистинско музичко уживање овозможено од Флај Туризам.

Прегледи:
896
Објавено на:
31.08.2017