Конечно откриено дали тетоважите предизвикуваат рак

Општо познато е дека тетоважите се трајни. Па поради тоа добро е да се најде добар мајстор за тетоважи за кој ќе бидете сигурни дека користи чисти игли. Сепак, што се случува откако мастилото ќе навлезе во вашата кожа и дали тоа може да се поврзе со добивање на рак?

 

Последното истражување на оваа тема доаѓа од Франција, при што било испитувано како мастилото влијае на нашето тело и итражувачите дошле до до нови одговори.

Мастилото кое продира во нашата кожа, имуниот систем го смета за непознато тело. Што значи дека се активираат лимфните јазли. Лимфните јазли всушност стануваат потемни од пигментот на тетоважата што е нормално, телото едноставно сака да се ослободи од непознатата состојка во системот.

Сепак, научниците сакале да откријат како точно мастилото влијае врз лимфните јазли, па направиле споредба на тетовирани кожи на четири починати лица со нететовирана кожа користејќи Х-зраци.

Целта била да се утврди дали во лимфните јазли останало мастило и како тоа му влијаело на организмот.

Откриено е дека тетовираните тела навистина имале повисоко ниво на титаниум диоксид, главната состојка на мастилото за тетовирање, а биле пронајдени и многу мали честички од оваа состојка длабоко во лимфните јазли. Тоа веќе претставува причина за загриженост.

Титаниум диоксидот е честа состојка во козметиката, кремите за сончање, па дури и во исхраната. Во мали дози не е опасен по здравјето на луѓето, но Светската агенција за истражување на рак го доведе во поврзаност со рак на белите дробови.

Сепак, ова не значи дека секое лице кое ќе се тетовира има шанси да добие рак, првенствено поради тоа што се работи за навистина мали количини на титаниум диоксид.

извор:кајгана




Коментари

коментари