Корисниците на Инстаграм можат да следат хаштагови

Instagram повторно објави нешто ново. Овој пат, објави нова функција која им овозможува на корисниците да следат хаштагови. На овој начин, тие ќе можат да ги следат темите кои ги интересираат.

Со воведувањето на новата опција, корисниците нема да мораат рачно да бараат хатагови во пребарувачот.  Тие можат да додаваат хаштагови поврзани со нивните омилени работи, за да можат да ги следат додека ги следат пријателите, брендовите и познатите личности на платформата.

Откако корисникот ќе го следи дадениот хаштаг, неговите главни фотографгии ќе се појавуваат во топ фотографии и Stories, вклучувајќи го тој хаштаг. Сето ова ќе се прави автоматски.




Коментари

коментари