Кошаркарките ги добија противниците во квалификациите за ЕП

Македонската женска кошаркарска репрезентација ги доби своите противници во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во Србија и Латвија.

Нашите кошаркарки ќе бидат дел од групата Х заедно со селекциите на Италија, Шведска и на Хрватска. Во овие квалификации вкупно 34 земји пријавија учество, а Латвија и Србија како земји-домаќини на групните фази беа изземени од жрепката и автоматски се квалификувани на првенството. На нив ќе им се придружат уште 14 земји кои во ноември ќе ја започнат битката за пласман на Европското првенство.

Првите два натпревари од евроквалификациите ќе бидат одиграни претстојниот ноември потоа следи пауза до февруари кога ќе се одиграат истотака два натпревари, а последните квалификациски меча ќе бидат одиграни во ноември 2018 година. Првопласираните од групите се пласираат на првенството, како и шестте најдобри второпласирани.




Коментари

коментари