Кралицата Елизабета II од 1989 година користи само еден лак за нокти

Кралицата Елизабета II е долгогодишен обожавател на иста боја и бренд на лак за нокти. Цената на овој омилен козметички производ на кралицата е 7,99 фунти.

Марката Ессие, на својот вебсајт  вели дека постојат повеќе нијанси, кои го носат името “Ballet Slippers”, но сепак изборот е на Елизабета II.

Овој лак е нејзин избор уште во далечната 1989 година, кога нејзиниот фризер побарал шише од него, бидејќи тоа било “единствената боја која нејзиното височество ќе го користи”. “Ние сме исклучително горди на тоа дека кралицата и Кејт Мидлтон се радуваат на нашите производи”, велат од Ессие.

Тие дополнуваат дека предметната нијанса не е меѓу најпопуларните бои, но е одлично тоа што имаме лојални следбеници.

 

 

Извор: Макфакс 




Коментари

коментари