Кралицата Елизабета и принцот Филип одбележуваат 70 години брак

Британска кралица Елизабета Втора, која владее веќе 65 години, денес прославаат 70 годишницата од бракот со нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Британската престолонаследничка, принцезата Елизабета, се омажила за морнарскиот офицер Филип Моунбатен во лондонската опатија на 20 ноември 1947 година, само две години по завршувањето на Втората светска војна.

Принцот Филип има кралско „педигре“ и без Елизабета. Неговиот дедо од таткова страна бил грчки, а од мајчината страна дански крал. Роден е на Крф 1921 година, но семејството му било протерано од Грција додека бил дете и се населило во Британија.

Седумдесет години по таа раскошна венчавка, кралицата Елизабета и нејзиниот 96-годишен сопруг ќе ја прослават платинестата годишнина од бракот во семејниот круг во дворецот Виндзор,




Коментари

коментари