Категории

Кристен Стујарт го претстави новиот “Gabrielle Chanel” парфем

На приватната забава во Palais de Tokyo во Париз, беше претставен новиот парфем на модната куќа Chanel – “Gabrielle Chanel”. Бидејќи оваа година е посветена на основачката на модната куќа, прво беше претставена ташната Gabrielle, а потоа и парфемот во нејзина чест. Честа да ја носи титулата заштитно лице ја имаше долгогодишната муза на брендот – актерката Кристен Стујaрт.

Просторијата каде што се одржа промоцијата беше фантастична, мрачна и исполнета со холограми кои го претставуваа шишето на парфемот кој при експлозија се претвораше во букет цвеќиња според мирисните носи од кои е составен парфемот како јиланг-јиланг, цвет од портокал, јасмин и тубероза.
Приемот заврши со претставувањето на рекламниот филм кој официјално ќе биде објавен на 1 септември.

Прегледи:
437
Објавено на:
07.07.2017