Категории

Кросфитер за месец Ноември – Весна Цековска

Живееме во време каде брзото темпо го скратува времето да се посветиме себеси, на нашето психофизичко здравје, вооопшто на личниот живот. Или пак ние самите мислиме дека ни недостасува време за самите себе….
Накратко ќе ви ја раскажам мојата приказна, клучниот момент во мојот живот, кој ме натера да сфатам дека секој од нас може и мора да одвои време за себе и да се посвети на здравјето, затоа што тоа е клучот за подобар, квалитетен и здрав живот.

Пред повеќе години имав тешка сообраќајна несреќа во која се здобив со тешки телесни повреди, скршеници кои и после сите напорни третмани и лекувања никогаш целосно не заздравеа. Имав болки во нозете, постојано имав отоци што резултираше со проблем во изборот на обувки и облека, исто така имав болки во рбетниот столб, а сето тоа влијаеше на квалитетот на мојот живот и мојата самодоверба. Работните задачи и секојдневните домашни обврски ги извршував со напор, безволно и без енергија. Морав да направам радикални промени. Изборот беше Кросфит. Морам да признаам дека бев скептична, но по само неколку недели благодарение на максималната посветеност и професионалност на тимот на Кросфит Скопје, го почувствував бенефитот од овој спорт. Почна да се подобрува мојата флексибилност, а по само неколку месеци почувствував нова сила, како да ми се враќа енергијата, ми се намали заморот, се зголеми издржливоста. Најважно….. сето тоа без болка и напор, а со љубов кон своето тело.

Дефиницијата на Kросфит стана и моја дефиниција.
По изминативе неполни две години сфатив дека навистина секој може да има време за себе доколку тоа вистински го посакува. Имам одлични резултати во поглед на здравјето, болките во нозете и рбетниот столб се минато, а целото тело го чувствувам младо, енергично, лесно и полно со елан и живот. Едноставно се чувствувам безбедно. Се излекував. Ја изменив мојата животна приказна.
Но…има еден момент многу важен во животот на секоја жена…убавината!

Кросфит ми даде и нов изглед. Покрај вежбањето, по препорака на моите тренери го сменив и начинот на исхрана, го отстранив вишокот на килограми, особено на оние делови на телото кои се таложат типично за понежниот пол. Кросфит-от го обликуваше и го разубави моето тело. Повеќе немам проблем при изборот на облеката, купувам обувки и облека кои ми се допаѓаат, не оние кои морам да ги купам, бидејќи со подобрувањето на моето физичко здравје и физички изглед се зголеми и мојата самодоверба. Оваа година повторно облеков дводелни купаќи!

 Топло и од срце го препорачувам Кросфит на сите оние кои сакаат да вложат во своето здравје, да го подобрат начинот на живот, да се разубават одвнатре и однадвор, да зајакнат ментално и физички, да му дадат нова димензија на брзото темпо кое останува брзо, но сепак лесно за сите нас кросфитери. Заборавете на скептичноста, влезете во светот на Кросфит, во нашиот свет. Почувствувајте ја дефиницијата на Кросфит.
Бескрајно благодарам за безрезервната поддршка на моите Kросфит тренери.
Извор : crossfitskopje.com

 

Прегледи:
415
Категории:
Crossfit · Спорт
Објавено на:
04.11.2016