Категории

Лана Дел Реј го најави своето враќање на музичката сцена

Американската поп суперѕвезда Лана Дел Реј ќе ја краси насловната страна на новиот број на култното списание Dazed. Позади гламурозната насловна страна стои доста необична женска екипа. Ретро изглед на Лана го обековечи познатата фотографка Шарлот Велс, додека во продолжение следи и интервју кое го одработи контроверзната Кортни Лав – вдовицата на музичката легенда на Nirvana – Курт Кобеин.
Во интервјуто Лана открива за долгоочекуваниот петти по ред студиски албум насловен како “Lust for Life” и новиот сингл од албумот “Love” кој после два месеци од објавувањето оствари 50 милиони прегледи на YouTube.

Прегледи:
322
Објавено на:
18.04.2017