Категории

Лазањи какви не сте пробале досега

Совршено италијанско јадење кое ретко кој го критикува, прифатено е како идеален ручек ,а кога ќе ви покажеме уште еден начин како би можеле да го подготвите ова јадење би се заљубиле повторно во истото.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 6 кори за лазањи
  • 120гр. спанаќ
  • 200 гр. крем сирење
  • 3 големи лажици рендан кашкавал
  • 120 гр. моцарела
  • 1 јајце
  • 1 лук
  • 300 мл. сок од домати
  • сол
  • бибер
  • сецкан магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Корите за лазањи малку треба да ги ставите да вријат на оган, па потоа ги сечете по должина. Исецкајте го ситно лукот и додајте го во крем сирењето, спанаќот и јајцето. Во правоаголен стаклен сад за печење ставете одоздола малку масло и наредете кори на дното. Филот го редите на секоја кора и ги виткате корите. Сосот од домати го ставате одозгора  врз секоја од веќе филуваните кори. Откако сте ја премачкале секоја од корите, ставате да се пече на температура од 200 степени околу 20 минути.

Прегледи:
356
Објавено на:
30.03.2016