Категории

Легендарни цитати од Мартин Лутер Кинг

Мартин Лутер Кинг (15. јануари 1929 – 4. април 1968) бил свештеник на американската баптистичка црква, активист, хуманитарец и лидер на движењето за граѓански права на афроамериканците.

Најпознат е по неговата улога во здобивањето со граѓански права по пат на ненасилна непослушност во согласност со неговите христијански убедувања.

Ова се некои од неговите легендарни реченици кои ќе останат запаметени засекогаш:

„ Решив да се држам до љубовта… омразата е преголем товар за носење.“

„Секогаш е вистинско време за носење правилни одлуки“

„Верувам дека невооружаната вистина и безусловната љубов ќе го имаат последниот збор.“

„Темнината не може да ја промени темнината; само светлината може да го направи тоа. Омразата не може да ја промени омразата; само љубовта може да го направи тоа.“

„Ако не можеш да леташ, трчај; ако не можеш да трчаш, оди; ако не можеш да одиш, ползи; на било кој начин, само продолжи да се движиш.“

„Нема ништо поопасно на овој свет од искреното незнаење и свесната глупавост.“

„Функцијата на образованието е да не научи да размислуваме интензивно и критички… Интелигенција плус карактер – тоа е целта на вистинското образование.“

„Да продолжиме во овие моќни денови – ова се денови на предизвик – за да ја направиме Америка она што треба да биде.“

Прегледи:
755
Објавено на:
16.01.2018