Легендарниот Сил го претстави новиот албум Standards

Познатиот англиски музичар Сил го издаде долгоочекуван албум “Standards”, кој претставува комбинација на неговиот уникатен вокал со џез и свинг.

Новото издание ги вклучува и претходно објавените песни  “Luck Be A Lady”, “It Was A Very Good Year”, “I’ve Got You Under My Skin”, “Anyone Who Knows What Love Is” и “Autumn Leaves”.

На неговиот нов албум се приклучија и пијанистот Ренди Валдман (Френк Синатра, Пол Анка), басистот Чак Бергхофер (Ела Фицџералд, Реј Чарлс) и тапанарот Грег Филдс (Квинси Џонс, Стиви Вондер).

Аранжманот и продукцијата на албумот “Srandards” го дизајнираа британскиот продуцент Ник Патрик, наградуваниот аранжер Крис Валден и легендарниот Дон Мареј. Изданиеѕто беше снимено во студиото “United Studios”, основано од Бинг Крозби и Френк Синатра, како и во познатото студио “Capitol Records” во Лос Анџелес, каде што Френк Синатра, Нат Кинг Кол и други ги создадоа некои од најпознатите песни од тој период.




Коментари

коментари