Категории

ЛЕГЕНДАРНИТЕ ТОТО ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ

Еден од најголемите американски бендови на сите времиња- ТОТО, за прв пат доаѓа во Скопје, со концерт во рамките на јубилејната турнеја по повод 40 години од нивното постоење. ВИП арената „Борис Трајковски“ е локацијата каде на 5-ти март 2018та година за прв пат во живо ќе се слушне звукот на ТОТО во Скопје. 

Познати по своите врвни свирачки достигнувања, ТОТО е бенд кој светската музичка јавност го третира како еден од најдобрите во музичката индустрија, а за членовите важи епитетот „Кралеви на живата свирка“.
Во 2018-та тргнуваат на голема светска турнеја која опфаќа 40 земји, насловена “40 Trips Around The Sun”, со која одбележуваат 4 децениска работа, а и со нов студиски албум кој треба да излезе во февруари идната година.

– Јас, David, Steve и Joseph сме задоволни и истовремено возбудени за долгогодишниот успех на бендот. Оваа јубилејна турнеја, по повод 40 години од постоењето на ТОТО ќе биде многу специјална турнеја за секој од нас и за сите наши фанови низ светот- вели гитаристот Steve Lukather.

За родоначалниците на стадионскиот рок ова ќе биде 23 турнеја и 14-ти по ред студиски албум, после низа мултиплатинести плочи продадени во преку 35 милиони примероци.
Хитовите како што се „Rosanna“, „Africa“, „Hold The Line“ и уште многу други им донесоа многу музички признанија и пет Греми награди. Цените на влезниците за овој навистина голем музички настан ќе бидат објавени наскоро, а продажбата ќе стартува на 25ти август во 09 часот преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија.
Прегледи:
537
Објавено на:
24.08.2017