Вредиш, лепотице!

Викаат: не знаеш што имаш се додека не го изгубиш тоа. Но дали некогаш некој се запрашал дали тоа ИЗГУБЕНОТО знае? Не би рекла дека постои подобар начин да се дознае сопствената вредност од губењето на личност која не е свесна за твоите квалитети. Ќе плачеш, да. Ќе боли. Секоја ноќ ќе легнуваш и будиш на перница влажна од солзи. Ќе се мразиш што не можеш против себе. И многу е тешко. Болката е срцепарачка, нескротлива, незапирлива. Тече како лава од вулкан кој одамна ја чекал својата ерупција. Пече како сонце среде јули. Те тера да избегаш од својата кожа, да се сокриеш и да престанеш да живееш- бидејќи нели додека си жив чувствуваш. Додека чувствуваш- боли. Распарчува! Те кине на делови без сожалување. Го крпиш сопствениот живот ден по ден- помислуваш дека нема да се опоравиш. И одеднаш, доаѓа ден кога се будиш и сфаќаш дека ништо друго на светот не е битно освен тоа да си среќен. Го прегрнуваш универзумот со двете раце и сфаќаш дека додека се насмевнуваш ти, животот возвраќа на твоите насмевки. Се гледаш во огледало и дознаваш колку е убава твојата коса, така напросто несредена, колку се убави твоите очи кога не се претвораат во водопади, колку е само неверојатен погледот во сопствените четири очи. Ја разбираш несовршеноста која те прави совршена. Ќе ја насместиш круната, лепотице и ќе чекориш. Кога главата е горе, се восхитуваме на синилото на небото, а не се плашиме од надоаѓањето на темните облаци. Оние кои не знаат да те ценат никогаш нема ниту да научат. Затоа исплачи река, изгради мост, и премини преку него.

-Кристина Цонкинска, 2014

-Прочитајте повеќе на: https://www.facebook.com/devojkatasoledenosrce

10444550_1434621666802764_4432149126304891078_n




Коментари

коментари