Летни makeup совети кои морате да ги знаете

Кога е во прашање летната шминка, најважно е да ја нанесувате кремата за сончање во секое време со цел да го заштите вашето лице од штетните влијанија, додека се останато треба да биде сведено на минимум. Природниот блескав изглед на кожата е вистински симбол на летните врели ноќи.

 

Пилинг
Никако не заборавајте два пати неделно да правите пилинг на лицето кој ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата. Топлината умее да ја предизвикува кожата да лачи повеќе маснотии и себум што може да биде причина за затворањето на порите и појава на акни митесери, па затоа редовниот пилинг е најважен чекор во летната нега.

Намалете со makeup-от
Тешките пудри кои ги користите во зима никако  е се соодветни за високите температури. Користете лесни пудри кои имаат тенка конзистенција или ББ крем. Доколку кожата  и дозволува,пожелно е да користете само коректор на критичните места.

Користете добра четка или makeup сунѓерче
Многу е важно нанесувањето на пудрата на лицето да биде со добра четка која ќе го нанесува рамномерно и убаво ќе го изедначи со кожата. Makeup сунѓерчињата се одлична алатка која дава природен изглед.

Повеќенаменски производи
Производите кои можат да се користат на повеќе начини се одличен избор за летниот несесер. Штедат место а и буџет. На пример може да бидат стикови кои можат да се користат како руменило, кармин и сенка. Сетови за контурирање кои содржат коректор, бронзер и хајлајтер. Моливи за уста и очи..

Бронзер
Бронзерот е симбол на летото, па со него најлесно можете да постигнете благо исончан тен или веќе да го нагласите природно добиениот.

Водоотпорни производи
Доколку планирате да присуствувате на лудите летни забави ви препорачуваме што и да одберете од шминка таа да е водоотпорна, било да се работи за маскара или туш за очи, со цел да избегнете катастрофален изглед..




Коментари

коментари