Категории

Листа на обврски кои треба да ги завршите пред почетокот на вашата свадба

Ве делат уште неколку денови од изговарање на судбоносното “Да”, невести. Пред да ја направите најголемата промена во животот и да посетите некоја егзотична дестинација за вашиот меден месец, ве чекаат последните подготовки пред големиот ден. Паниката е се поприсутна, па затоа “Ресторанот за свадби и прослави Аликас” ви нуди листа на обврски кои треба да ги завршите како прирачник пред почетокот на вашата свадба.


Направете последна проба на вашиот невестински фустан

Облечете го невестинскиот фустан, вклучувајќи ги и чевлите, накитот и сите додатоци кои ќе ги носите на свадбата. Погрижете се да се чувствувате самоуверено и среќно со вашиот изглед од глава до пети.

Најдете удобни чевли и разносете ги 

Многу е важно да ги носите одредено време чевлите пред да започне свадбата, бидејќи во нив ќе треба да поминете најмалку осум часа. Носете ги по 30 минути дневно неколку денови за да се прилагодат на вашите стапала.

Наспијте се

Легнувајте порано од обично последната недела пред свадбата. Колку повеќе се одморите, толку ќе бидете посвежи и попродуктивни. Кога ќе започнат последните подготовки, нема да ви биде едноставно да најдете време за квалитетен сон.

Одвојте време да бидете насамо со вашиот свршеник

Пред да започнат деталните припреми, поминете време насамо со вашиот свршеник за да разговарате и заедно да се припремите за прославата.

Понесете резервен фустан

Секогаш имајте план Б, доколку сакате да се пресоблечете во нешто поудобно при крајот на свадбата.

Одвојте време за себе

Направете маникир и педикир на вашите нокти, ставете маска на лицето и на косата.

Поминете го списокот за гости уште еднаш

Потврдете ја бројката на гости во ресторанот и јавете се кај сите оние кои не потврдиле сеуште дали ќе присуствуваат на вашата прослава.

Разгледајте го повторно распоредот на масите

Погрижете се да не заборавите никого и одвојте време распоредот на масите да одговара со гостите.


Уште еднаш разгледајте дали се завршени сите најважни обврски околу свадбата

Од листата на приоритети доколку мислите дека не можете се да завршите сами или пак доколку сте заборавиле, побарајте помош од пријателите или најблиските членови на семејството.

Спакувајте ги подароците за најблиските

Неколку денови пред почетокот на свадбата, израдувајте ги најблиските со убаво спакувани подароци.


Потврдете ги закажаните термини за шминка и фризура

На секоја невеста, изгледот и е од приоритетно значење на својата свадба, затоа потврдете ги термините за шминка и фризура за да бидете сигурни дека ќе заблескате на вашиот ден.

Уживајте во вашиот ден

Најважно од се – дозволете си вистинско уживање и зрачете со позитивна енергија. Ова е вашиот ден и искористете го без да се грижите за непредвидените детали.

Прегледи:
893
Објавено на:
30.08.2017