„Лисца“ со новиот простор го освежува центарот на Скопје

Преселбата на салонот на „Лисца“ во скопскиот Градски трговски центар е причина за зголемена динамика во центарот на градот.

Иако „Лисца“ е бренд за кој вреди да се тргне во потрага и неговите верни почитувачи и редовни купувачи брзо ги откриваат локациите на продажните салони, отворањето на новиот простор на влезот во ГТЦ од страната на скопскиот плоштад, предизвика нескриено љубопитство дури и кај случајните минувачи.

Провокативната елеганција на моделите во излогот, како и модерно одмерениот дизајн на просторот, едноставно предизвикуваат да не се одмине и да се влезе во новиот салон на „Лисца“. На таквата елегантна „провокација“ не одолеаја ни ТВ-водителката, Билјана Дебарлиева и пејачката Зуица Лазова, кои посакаа среќа за сефтето на новиот салон на Лисца, уште на работно-свеченото отворање, во средата на 4. октомври. Притоа, и Билјана и Зуица го изразија своето воодушевување од новата колекција на „Лисца“, а споделија и пријатни искуства од користењето на моделите на брендот, низ разни периоди од нивните животи.

Во овие неколку денови, новиот простор на „Лисца“ забележливо го освежува центарот на Скопје.    




Коментари

коментари