„Можам и без тебе“

Можам и без тебе

Тонам во сонови, негирајќи вистини.
тонам во љубови, речиси избледени.

Само спомени нагризуваат.
спомени од едно време, спомени од вчера.
Сонови полни надеж, да се удавам во твојот поглед смел.

Мине лето, дур трепнеш минал живот цел,
мислам на тебе и го барам твојот глас
кој го буди сиот трепет за нас.

Лажам, пак лажам.
го кријам љубоморно секој спомен наш.

Се прашувам каде си, секој час
се прашувам дали ќе ти чујам глас,
да те прашам само како си
и дали мислиш на нас…




Коментари

коментари