Литературно ќоше: „Векови во секунди“

Векови во секунди

image

Има ноќи кои траат векови,

Има ноќи кои траат секунди.

Дари ми љубов, да полетам

Да станам птица изгубена во ноќта

Без осет за време, да летам

Да ја чекам зората со очи полни надеж

Да ја чекам зората и спокојно да одмарам

Дари ми љубов, да запливам

Во најдлабоките води, да загњурам

Да ја измијам душата,

Во бистрите љубовни води,

Да живеам.

Да не бдеам ноќ по ноќ,

Во исчекување, во агонија.

Да не живеам и преживувам векови,

Во две три секунди.

 

-SoulDiary




Коментари

коментари