„Љуби поинаку“

1200672270204513567_n„Гледам како твоите очи пламнуваат во бои на пекол. Знам дека се измори, но не само ти..  И љубовта се измори да биде во чекор со очекувањата, да биде исто толку медена колку што горчи под јазикот. Крени ги рацете во воздух, предај се.. Направи го овој пат за себе..
За сите тие промаршени стрели кои прободиле погрешни срца.. Нека..
Нека овој пат не биде таква љубов..
Нека не биде за оној кој го чекаш на дождливи прозорци да ти нацрта сончеви утра..  Нека не биде оној кој има допир како Мај а душа како Декември.. Нека не биде за оној од чиј шепот ти се прередуваат сите коски.. Ајде овој пат нека биде љубов за оној тажен странец кој те одминал и нема да го сретнеш никогаш повеќе.. Нека биде љубов за оној мистериозен човек во аголот на тивкиот бар кој ја чита твојата омилена книга.. Нека биде љубов за возачот кој на радио го зголемува гласот на онаа добра стара песна.. Нека биде љубов за доброто момче кои ти го отстапило своето седиште, нека биде љубов за девојката која те прегрнала во женскиот тоалет додека црнилата од очите и се лизгаа по твоите колена..  Ајде овој пат заљуби се во нешто повеќе од празно его кое не би го пополниле ни сите четири страни на светот..
Овој пат нека биде таква нескржава љубов, нека почне од тебе..“

– Кукла од Памук

http://kuklaodpamuk.blogspot.com
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog




Коментари

коментари