Љубов како Барак и Мишел Обама – Овој пар ги рекреирал романтичните фотографии на претседателот и првата дама

Барак и Мишел Обама можеби повеќе не живеат во Белата Куќа, но тоа не значи дека ја изгубија титулата на омилен прв пар.

За време на претседателството на Обама, цели 8 години, фотографот Pete Souza со својот апарат ловеше романтични моменти меѓу првиот пар, а инспирирани од овие фотографии, Cassi и Adam, со помош на фотографот Natasha Herbert и планерот на настани Covesa Gragg ги рекреирале познатите слики на Обама, по повод нивната веридба.

Целосното планирање на фотографијата го дава совршениот краен резултат. Планирани се сите детали, внимавано е на облеката и на ентериерот. Крајниот резултат е прекрасен.

 




Коментари

коментари