Категории

Љубовни грешки кои ги прават скоро сите девојки

Дамите ширум светот несвесно ги саботираат своите врски бидејќи паѓаат во три замки.

Ова можеби се случува поради тоа што повеќето жени имаат некоја потреба да им угодуваат на другите, но и поради тоа постојано да истакнуваат дека за врска е потребен голем труд.

Па ако сакате да ги избегнете овие грешки и да најдете партнер кој ќе ви одговара еве на што треба да внимавате.

Прва грешка – се откажувате од себе…најчесто се случува жените во врска да се откажат од своите уверувања, вредности и приоритети. Тоа се случува полека без да бидете свесна за тоа. Тоа се случува некаде после првиот состанок и изговореното “да“.

Наместо да продолжите да ги правите нештата кои ги сакате полека се менувате според неговите приоритети.

Но знајте дека ова е самопредавство. Плус за него веќе не сте истата личност во која се вљубил.

Да не се разбереме погрешно, сите ние треба да направиме компромис за да имаме успешна врска, но да остане само на тоа.

Втора грешка – вљубена сте во човек кој нема исти чувства кон вас…најчесто се случува во тој момент девојката да се обиде да се претвори во идеална барбика за својот сакан. Секако тоа никогаш не завршува добро.

Бидете тоа што сте. Ако ве прифаќа таква супер, ако не збогувајте се и најдете некој кој ќе ве почитува и сака таква каква што сте.

Трета грешка – врската бара голем труд…ова прашање постојано стои отворено.  Вистинскиот одговор е дека понекогаш е потребно да му угодите на партнерот, но постојано да бидете фокусирани на разговори и расправии за тоа што и како би требало да направите, да чувствувате и слични работи може само да донесе замор во врската.

Прегледи:
425
Објавено на:
01.04.2016