„Љубовта која ме прогонува“

 

8f4abc590b157e528e578ea6376a14fd

„И после се, и после се..
Нејзиното лице ќе биде како прашина која се налепила под прстите врз се што поседуваш. Нема да можеш да ги препознаеш дури ни сопствените очи во одразот на огледалото пред ги почувствуваш нејзините како те демнат од секој агол во собата. Ќе го пронајдеш нејзиното отсутно присуство во празните глуви ноќи кои ќе ти изгледаат толку немирни и прегласни. Нејзините бакнежи ќе ги нема како слаткиот вкус на утринското кафе без шеќер. И секое парче земја каде згазнале нејзините чекори ќе изгледа како место на злосторот.. Ќе ја нема а ќе биде поприсутна од се.. И тогаш во толпата додека бавно го губиш здивот некој ќе те праша со треперлив глас.. „Што е, да не си видел дух?“- и ќе се запрашаш дури и себеси, по којзнае кој пат.. Дали всушност духовите се личности кои си отишле но оставиле дел во нас?“

– Кукла од Памук

http://kuklaodpamuk.blogspot.com
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog

 




Коментари

коментари