Категории

Луѓето кои се радуваат на новогодишното украсување на домот се најсреќни

Американските психолози и психијатри имаат одлични вести за оние кои уживаат во украсувањето на домот по повод новогодишните и божиќните празници.

Имено, резултатите од нивното истражување покажаа дека овие личности се многу среќни, затоа што таквите моменти ги потсетуваат на детството.

Психолозите тврдат дека вадењето на кутиите со божиќните украси и лампиони го буди “детете” кај луѓето.

Истражувачите објаснуваат дека божиќните украси ги будат емоициите кои ги сме ги доживувале како деца, на пример, кога под новогодишната елка децата наоѓале подароци.