Категории

„И маалските улици се за точаци“ во среда се одржува Критична маса #69

Во среда на 31-ви јануари ќе се одржи 69-тата по ред Критична маса под мотото „И маалските улици се за точаци“ .

„Големите булевари и улици се артериите на еден град: тие нѐ поврзуваат со подалечните краишта на градот. Но токму малите маалски улички се душата на секоја населба. На нив се среќаваме со нашите комшии, по нив одиме до маалската продавничка… Секој од нас научил да вози точак токму на некоја ваква уличка и тие имаат посебно место во нашите сеќавања.“ велат организаторите.

Безгрижноста на маалските улуци исчезна со годините, тие повеќе не се безбедното место каде може да го пуштиш детето да игра и безгрижно да вози велосипед. Тоа е последица на како што велат од На Точак „Лошото урбанистичко планирање и неодговорните градски политики доведоа до тоа малите маалски улици речиси целосно да ја променат нивната фунција.“ со што е оневозможено нормално движње на пешаците и велосипедистите.


„Заради неажурноста на одговорните речиси и да не се почитуваат строгите ограничувања на брзините во густо населените делови на градовите.
Маалските улици од нашето детство денес се претворени во паркинзи и во автомобилски писти.“ пишуваат во повикот, повикувајќи да се разбуди свеста кај сите нас за културата во сообраќајот.

„Си ги сакаме назад нашите маала! Населбите треба да бидат места каде живеат луѓе кои нема да се плашат дали нивните деца ќе стигнат безбедно на училиште. Места во кои тротоарите ќе бидат ослободени за движење, а не паркиралишта за автомобили и на улиците повторно ќе се среќаваат комшии, а ѕвончињата на велосипедите ќе се огласуваат само за поздрав! “

Локацијата за почеток е Поштад Македонија во среда од 17:30 часот.

Прегледи:
367
Објавено на:
30.01.2018