Категории

Магични фотографии од светулки во шума во Националниот резерват Ропотамо

Доцната пролет и раното лето се идеален период за бугарскиот фотограф Христо Свинаров да ги „лови“ овие прекрасни светулки во шумите на крајбрежјето на Црното Море.

Еден месец во годината, само еден час во денот пред зајдисонце има шанс ада ги фотографира овие светулки.

Свинаров ги „брка“ светулките веќе шест години, насекаде низ светот, но Националниот резерват Ропоптамо во Бугарија му е омилен, заради големиот број на светулки кои ги има во оваа област и неверојатната глетка која ја пружаат во темната шума.

„Во специфичниот период од годината, стотици, можеби и илјадници од нив танцуваат овде секоја ноќ“ раскажува тој.

Одењето до резерватот е лесно, но кога ќе се стигне таму се остава возилото и со пешачење се истражува шумата за да се најдат овие светулки.

Вреди секој момент и сите маки кои треба да се помине и истражи шумата, бидејќи тоа што се гледа е неверојатно.