Магични слики од природата и шумата насликани на дрво

Дрвото е платно за неа, таа е Ана, љубител на шумата, уметник, изработувач на накит и дипломец по шумарство.

Нејзината креативност и талентирана рака стои зад овие магични слики насликани на дрво, а со нејзиното уникатно сликање започнала откако завршила со факултет и поминувала повеќе време во шумата заради работа.

Така започнала нејзината уметност инспирирана од природата, а за да биде комплетно чувството на природата таа употребува и материјали од природата.

Се инспирирам од природата, универзумот, шумата и дивиот свет. Месечината, промената на времето и годините, спомените од детството, бајките и легендите. 

 

 




Коментари

коментари