Angelina Jolie за прв пат на филмското платно со својата ќерка

Во новиот филм на Angelina Jolie, Maleficent, се појавува нејзината ќерка Vivienne, а причината за тоа е  страшниот костум на Jolie кој ги плашел сите деца кои требало да играат во филмот и само малата Vivienne застанала храбро пред мајка и.

„Забавно е да ги донесеш своите деца на сетот, но не да бидат актери. Бред и јас тоа не го сакаме“- Вели Jolie. „Но останатите три-четири годишни деца не сакаа да се приближат до мене. Мораше да најдеме дете на кое ќе му се допаѓав и немаше да се плаши од роговите, очите и канџите. Мораше да биде Viv.“

Дури и нејзините деца биле преплашени од нејзинот изглед во костумот за улогата. „Кога Pax ме виде за прв пат во костумот, избега, но јас мислев дека се шегува со мене, па се преправав дека го бркам се дур не го најдов како плаче. Морав да вадам делови од шминката пред него за да види дека е тоа маска и да не се плаши.“-вели Jolie.

Воопшто не и ни чудно што децата биле уплашени од неа, како што може да видиме од сликите во прилог.

[nggallery id=90]




Коментари

коментари