Категории

Мајка ми и татко ми кога се земале немале ништо. Само две соби во кои живееле со останатите од фамилијата…

Мајка ми и татко ми кога се земале немале ништо. Само две соби во кои живееле со останатите од фамилијата.

Мајка ми на 23 години ме родила мене. На 27 брат ми. Баба ми пораснала три ќерки ,од кои едната болна. Другата баба 9 години се грижеше за мојот дедо кој 9 години лежеше болен во постела. Дедо ми пак ,со претрпен мозочен удар ,до последно одеше на нивата да работи . Кога јас сега ке донесам пари дома и ќе и речам на мама ,-Мамо земи ги овие . Таа ке рече . -Улава ли си ти . Ти пари ќе ми даваш мене. Не сме пораснати со брат ми со скапи работи и здрава храна. Мама ни мачкаше на кришка леб,ајвар со сирење и го јадевме додека игравме на улица.

Мајка ми имала свои соништа. Сакала да стане писател. Се сеќавам дека татко ми за да имаме дома за живеачка предаваше во школо а после тоа возеше такси.

Јас не сум имала луксузи и одмори од соништата. Но мирна куќа и семејство на куп секогаш. Мама ме научи дека за луѓето што ги сакаш и од своите најголеми соништа ќе се откажеш ако треба.

И сега кога ги гледам мама и тато како од ништо ,се бореле ,се мачеле ,жртвувајќи ги своите соништа за своите деца ,кога ги гледам како се смеат кога сите заедно седнуваме да пиеме кафе ,срцето ми се полни. Фала боже. И знам дека времињава се лоши ,се помалку време имаме за по дома ,и знам дека не ви кажувам многу често колку ве сакам ,ама вие знаете.

Луксуз не сум имала,не сум прошетана по светот .

Ама моето семејство ме прошета во земјата наречена ЉУБОВ. И одбивам поинаку да живеам. Мојот сон е кафе наутро со насмеани фаци кои се сакаат.

Прегледи:
612
Објавено на:
30.06.2016