Категории

„Мајстор“ од Пробиштип фати 135.000 евра во обложувалница „Моцарт“

Ова не е тикет, ова е чудо невидено! Вака српската обложувалница „Моцарт“ го опишува тикетот на еден Македонец, кој ја уплата од 440 денари добил неверојатни 135.000 евра.

Станува збор за тикет со 30 одиграни натпревари, и тоа од најразлични делови од светот, од Јапонија, преку Англија, Швајцарија, Германија, но и Хрватска, Србија… Тикетот е уплатен во Пробиштип, а добивката е апсолутен рекорд на овие простори, со оглед на фактот дека станува збор за сума од над осум милиони денари.

Откако погодил четири јапонски средби, „велемајсторот од Пробиштип“ одиграл и шест натпревари од англиската Чемпионшип-дивизија, и тоа со идентична двојна шанса 1х.

Најмногу среќа имал на средбата од втората германска лига меѓу Динамо Дрезден и Нирнберг, на кој типувал 2+ на цел натпревар, а домаќините постигнаа израмнувачки гол за 1-1 во 91. минута.

Прославата во Пробиштип почна околу 22 часот, откако стана јасно дека станува збор за историски тикет. Мечот Металац – Напредак беше типуван 2+, а два гола паднаа уште во првото полувреме, па последна средба беше Вождовац – Борац Чачак. Типот беше победа на домаќините, а Вождовац славеше со 2-0 со головите на Ѓеоргиевиќ во 3. и во 74. минута.

Мора да се истакне дека среќникот максимално го искористи и „бонусот“ што го нуди Моцарт, кој во овој случај изнесуваше 40% или околу 56.500 евра.

Почитувани, во иднина кога ќе имате добитен тикет, или некој интересен тикет, можете да ни го испратите на [email protected].

Доколку сакате да нарачате маица со Вашиот омилен тим тоа можете да го направите преку нашата Среќна онлајн продавница

Прегледи:
847
Објавено на:
07.08.2016