Македонецот Владимир Ангелов 10-ти на светското првенство во бодибилдинг

Нашиот познат бодибилдер Владимир  Ангелов се пласираше на 10-то место на светскиот  натпревар во бодибилдинг.

Еве што искоментира тој после натпреварот:

“69-тото IFBB Bodybulding Светско првенство е зад нас. Имаше премногу јака конкуренција а Иранците просто доминираа скоро во секоја категорија. Презадоволен сум од мојот настап освојувајки го 10-тото место, го дадов максимумот од себе буквално сам без ниту еден спонзор без никаква подршка и ветер во грбот, тргнувајки од нула не од нула од – 10 а завршувајки рамо до рамо со најдобрите во светот.

Голема благодарност до Bodybuilding and fitness federation of Macedonia, Бобан Ѓороски,Aleksandar Nik, Vlatko Atanasoski, Toci Janev i Siluete Skopje Siti Mall

Со тренинг и чоколади почнувам уште денес, а по краткиот одмор продолжувам со подготовка. The Show Must Go On…“,напиша Англов на својот ФБ профил.




Коментари

коментари