Македонија со уште една значајна награда на детски фестивал

На Славјански базар 2017 во Витебск Марија Спасовска освои 3 лауреат. За прв пат во категорија детски натпревар за деца до 12 години на Славјански базар Марија на Македонија и донесе награда.

Досега само Тоше Проески и Боби Мојсовски имаат освоено Гран при на Славјански базар, но во возрасни категории за натпреварувачи над 18 години. За Марија оваа награда е многу важна, затоа што таа има уште една шанса на 18 год повторно да се врати на Славјански и да се бори за нова награда….

Секој кандидат има право само еднаш да учествува, а само 21 земја од целиот свет еднаш годишно добиваат право на земја учесничка. Во 2017 Македонија го доби правото да учествува на детскиот натпревар со Марија и најважно од се донесе награда.

Погледнете го настапот на талентираната Марија и уживате во нејзината изведба.




Коментари

коментари