Категории

Мал водич за новите пролетни модни трендови

Прочитајте кои ќе бидат модните трендови за пролет/лето 2016.

# Поглед од спалната соба

Едно од најдобрите парчиња од 90-те се врати на голема врата. Инспирирајте се од стилот на Kate Moss и набавете барем еден комбинизон-фустан кој ќе биде најсензуален предлог за оваа пролет. Дизајнерите се сложни, целиот тој нежен сатен и раскошна чипка едноставно се премногу добри за во нив да спиеме.

# Нови романтичари

Опуштен вид на женственост доминираше на пролетните модни писти преку женствените фустани на Erdem, Philosophy di Lorenzo Serafini, Rodarte и Alexander McQueen.
Овој пат должината нема улога но тоа како ќе ги стилизирате е многу важно. Носете ги исклучиво со едноставни рамни чевли и лежерен став.

2

1 2

Прегледи:
639
Објавено на:
07.03.2016