Категории

Малдивите – Совршено место за одмор од соништата

За сите оние кои сонуваат за совршен одмор и сакаат да уживаат во сонцето и капењето, Малдивите е дестинација која дефинитивно треба да се посети.

Иако патувањето до Малдивите може да биде напорно, убавината на овие острвови ќе направи да се чувстувате како преродени. Во одморалиштето “Grand Park Kodhipparu” ќе ве пречека љубезен персонал, што ќе ви озвоможи да се чувствувате како да сте дома. Потоа тие ќе ве однесат до вашата вила, една од шестте кои се изградени над океанот.

Гостите често одат во барот “Breeze”, каде што уживаат во вкусните пијалоци од кои најпопуларни се коктелите. Гостите исто така можат и да пушат наргиле и да пијат различни видови на вина. Барот е опремен со високи столици, а на располагање се и душеци кои ви овозможуваат да го пиете вашиот омилен коктел, чувствувајќи ги движењата на брановите.

Во одморалиштето постои  и салон за убавина, со голем избор на масажи за релаксирање.