„Малечка..“

„Не, нема да може вака. Не ме разбираш, малечка. Ние сме два различни светови. Јас одам на север, ти се стремиш кој југ. Ние никогаш нема да се стигнеме. Знаеш што, најдобро е да се откажеме. Нека престане ова лудило. Ниту вчера бев тука, ниту ќе бидам утре. Ќе се навикнеш. На мене се навикна за два дена, за четири ќе се одвикнеш. Можеби ќе ти треба некој сличен во ноќите кога старите рани знаат да болат, но нека биде тука некој што те разбира. Јас нема да те сфаќам. Ти бараш љубов, а бегаш од неа. Ти сакаш да те љубат, а се плашиш да љубиш. Правиш еден чекор напред, а три се враќаш наназад. Јас овие игри напамет ги научив. Повеќе не ми се интересни. Тебе ти треба слобода, а јас повеќе не ја сакам. Сакам некоја покрај мене, а ти не си вистинската. Тебе ти е во интерес тоа друштво таму, тие пијалаци и кафиња кои јас одамна ги пиев, тие дискотеки, забави и луди ноќи. Мене тие ми здодеаа. Сега моите цели се други. Моите надежи се надвор од твојот хоризонт. Те сакам, ама не можам да бидам со тебе. Ние секогаш ќе се разидуваме. Затоа оди. Биди среќна и не се врти повеќе назад. Колку побрзо се ослободиш од она што те унесреќува, толку повеќе врати ти го отвораат тој пат кон среќата. Ти го заслужи најдоброто, но не со мене. Можеби со некој друг таму, што знам јас. Не грижи се за мене, јас ќе продолжам. Ми влезе под кожата, но нека ме боцка, ќе издржам. Само да ја гледам насмевката на ова убаво лице, макар од далечини, макар скришум и ненамерно, ама некаде во толпата луѓе нека ме згрее..Понекогаш. И јас ќе му бидам благодарен на Бога. Ќе се насмевнам и ќе речам: „Некој ја насмевнал мојата малечка подобро отколку што јас умеев..“

-Кристина Цонкинска, 2015

-Прочитајте повеќе на: https://www.facebook.com/devojkatasoledenosrce

 




Коментари

коментари