Категории

Mansur Gavriel – новиот дизајнерски миленик на дамите

Со само неколку години во својата работа, младото дизајнерско дуо Floriana Gavriel и Rachel Mansur познати како Mansur Gavriel стана еден од најпосакуваните брендови на ташни во светот. Колекцијата на минималистички модели на ташни во неутрални бои, меѓу кои е и вистинската ѕвезда – црната “bucket” ташна, се прошири со нови парчиња а тоа се чевли и како што од неодамна знаеме наскоро започнуваат и со дизајнирање на облека. Парчињата ќе бидат претставени за прв пат во Њујорк на модната недела. Судејќи од страна на она веќе создаденото може да се заклучи дека колекцијата на облека ќе биде вистински спој на универзна функвионалност која дамите со задоволство ќе ја носат.

  

Прегледи:
238
Објавено на:
01.02.2017