МАРЕЈ ВТОРПАТ ВО КАРИЕРАТА ГО ПОДИГНА ПЕХАРОТ ВО „СЕАНГЛИСКИОТ КЛУБ“

Британскиот тенисер Енди Мареј ја освои грен слем титулата на Вимблдон вторпат во својата кариера. Вториот рекет во светот на финалниот меч беше сигурен против Милош Раониќ од Канада кого го совлада со максимални 3:0 (6:4, 7:6(7-3) и 7:6 (7-2)).

По победата во мечот, кој траеше речиси три часа Мареј, води со 7:4 во меѓусебните дуели против Канаѓанецот. За Мареј ова е втора титула на Вимблдон по 2013 година или вкупно трета од Грен слем турнирите за која заработи два милиона фунти.

Раониќ се задоволи со половина од таа сума во неговото прво грен слем финале во кариерата.




Коментари

коментари