Мажите во овие 3 хороскопски знаци се плашат да го направат првиот чекор

Некои мажи колку и да се трудат, едноставно не се способни да го направат првиот чекор, најчесто од страв дека ќе бидат одбиени или едноставно, затоа што се срамежливи по природа.

Меѓу другото, тие се и едни од најплашливите знаци во Зодијакот.

Ова се трите знаци за кои никогаш не треба да очекувате да го направат првиот чекор:

Рак

Раковите се најголемите плашливци во Зодијакот. На нив им нема конкуренција, иако понекогаш се обидуваат да глумат бестрашност. Освен од девојките, Раковите се плашат и од темницата, па често спијат со запалено светло во ноќта.

Риби

Морате да признаете дека малку ви олесни што се најдовте на второ место, ама од Раковите се разликувате за 0,5 поени. Искрени сте по природа, па дури и стравот знаете отворено да си го признаете. Попрво на девојката ќе ѝ кажете дека ви е срам, отколку да се впуштите во разговор за освојување.

Вага

Не е дека сте бестрашни, ама овој заклучок дека никогаш не го правите првиот чекор може малку да ве навреди. Сакате да се извлекувате од конфликтните и комплицирани ситуации. Но, иако често „срцето ви се наоѓа во петици“, знаете добро да се камуфлирате.


тагови


Коментари

коментари