Меган Маркл ги избриша нејзините профили на социјалните мрежи

Станување дел од кралското семејство има свои привилегии и маани. Актерката Меган Маркл, која ќе се омажи со принцот Хари во мај оваа година, мора строго да ги почитува правилата кои ги налага кралското семејство.

Едно од тие правила гласи дека членовите на кралското семејство не смеат да имаат профили на социјалните мрежи. Па така, Меган Маркл ги деактивираше сите нејзини профили на социјалните мрежи, а оваа информација ја потврдија и од Кесингтонската палата.

Ова кралско правило го почитуваат принцот Вилијам, војвотката Кејт Мидлтон и принцот Хари. Тие можат да бидат достапни само на официјалниот профили на кралското семејство, со име Kensington Palace, и да ги објават сите актуелности поврзани со британската монархија.




Коментари

коментари