МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ЈАНУАРИ, 2018)

Овен 

Работа – Пред вас е малку потежок месец, полно со искушение што се однесува до работата и работната атмосфера. Бидете внимателни во комуникацијата со колегите и партнерите, бидејќи во вашето опкружување постојат луѓе кои само чекаат на некоја ваша грешка, или било што, што би можело да се нарече грешка. Не дозволувајте никој да ве изманипулира, измами и натера да направите нешто што не би требало да го направите бидејќи би можело да се употреби како аргумент против вас. Не им верувајте ниту на оние кои добро и долго ги познавате.

Љубов – Се` што треба да биде, ќе биде одлично бидејќи Уран ви донесува мир и стабилност во љубовта. Секако, секоја врска ја прават убава и оние помалку убави работи, такашто во текот на месецот ќе имате мали несогласувања со партнерот, но се` ќе се реши онака како што вие би сакале. Овој месец ќе имате помош и од Венера, која ќе биде во Стрелец и ќе ви помогне во решавањето на сите љубовни проблеми. Слободните Овени во Новата година треба да влезат ослободени од сите предрасуди, особено предрасудите кои ги имаат кон луѓето, поради што моментално се слободни.

Здравје
 – Првиот здравствен совет е нешто што сте го слушнале повеќе пати, но обидете се сега да го сфатите сериозно – за сите проблеми кои ќе се појават консултирајте се до доктор. Не си дозволувајте себеси овој месец ништо да не ве мачи.

Бик

Работа – Што се однесува до вашиот план на работа, јануари е воглавно месец во кој се слави, одмара и се враќа во нормала. Месецот кој не можеме да го сметаме за сериозен период на планови, па и вас ве очекува истата судбина во текот на наредните 30-тина денови. Ако треба да се сконцентрирате на нешто во текот на јануари, нека тоа бидат плановите за иднина, и тоа плановите кои ќе ги донесете врз основа на грешките кои сте ги правеле во текот на минатата година.

Љубов – Период во кој можни се проблеми на поле на љубовта. Во текот на средината на месецот, можни се конфликти со партнерот, несогласувања околу животните работи (трошоци, пријатели, семејство, секојдневни ситници). За работите да се полоши, можни се и неоправдани изливи на љубомора, како партнерот кон вас, така и вие кон партнерот. Ако сте слободни, тогаш добро ви би дошол флерт кон крајот на јануари.

Здравје – Во јануари актуелни се сезонските вируси и болести, па трудете се да внимавате на имунитетот, поточно да го зајакнувате.

Близнаци

 Годината ќе ја започнете со доста елан и работна сила, па добро би било да ги искористите за да направите некои резултати поради кои на крајот на годината ќе имате насмевка на лицето и плус денар в џеб. Имате одлични аспекти за добар месец, па реализирајте ги како знаете и умеете. Потребно е да сфатите дека ова не е месец кога ќе направите големи пари, планетите само ви се во позиција на полето на парите.

Љубов – Што се однесува до љубовта, Март ја напушта Вага и со себе си ги зема сите тензии кои сте ги имале во претходниот период. За да не биде се` идеално, ќе се погрижи ретроградниот Меркур кој од време на време ви донесува ситни расправии. За слободните Близнаци никако поволен период кој ќе им тргне. Иако постоеше надеж со излегувањето на Марс во знакот на Вага страстите малку да се појават, сепак нема некој поволен партнер кој ќе ве воодушеви.

Здравје – Чувајте го вашето здравје, затоа што овој месец потешко ќе поминат Близнаците кои имаат хронична болест.

Рак

Работа – Ако дадете се` од себе и тргнете со максимална напор, успехот е загарантиран. Дајте се` од себе за да започнете некои нови работи. Ви претстојува прекрасен период, од кој и тоа како ќе ги берете плодовите. Доста другите земаа пари, време е и вие да заработите нешто. Соберете храброст, одете во поход бидејќи вие и тоа како имате сила да успеете. Ако не сакате да ризикувате работете го она што го работите, и ќе добиете пофалби.

Љубов – Јануари и не е така идеален месец за љубов, но ништо што претходно не сте го доживеале или преживеале. На Раковите доста влијае ретроградноста на Меркур и сета негативност која Меркур со себе ја влече, такашто ова е месец кој ќе биде обележан со ситни расправии со партнерот, несогласувања, неможност за договор околу било што. За слободните ова е идеален период за запознавање на нови луѓе, можеби и идниот партнер – никогаш не се знае.

Здравје – Вашето здравје треба да ви биде најважно на целиот свет, па добро би било да посветите повеќе време и малку да размислите за вашите лоши навики.

 




Коментари

коментари