Категории

Messenger ќе ги реобјавува вашите “Stories“ од Instagram

Компанијата „Фејсбук“ во најновиот апдејт ја отстрани функцијата Messenger Day на својата апликација за допишување и сега наместо две одвоени стории во „Месинџер“, и главната фејсбук-апликација ќе користи исти стории на двете апликации, што значи дека стори-содржината во рамките на апликацијата „Фејсбук“ ќе биде истата што ќе можеме да ја видиме и во апликацијата „Месинџер“.

Па така во случај да се прикачи содржина преку една апликација, таа ќе биде видлива и преку другата, исто како и доколку содржината се прегледа преку едната, ќе биде маркирана како веќе видена на другата апликација. Овие функции во голема мера ќе ја намалат збунетоста кај корисниците, кои досега мораа двапати да ја аплоудираат истата содржина за да стане видлива и на двете апликации, апликацијата на Facebook и апликацијата на Месинџер.

Исто така, се напоменува дека „Фејсбук“ моментално работи на функција која ќе овозможува сториите објавени на „Инстаграм“ да се објавуваат и на „Фејсбук“, и обратно.

Треба да се спомене дека „Фејсбук“ има функции Stories во рамките на сите свои социјални апликации – „Фејсбук“, „Месинџер“, „Инстаграм“ и „Ватсап“, така што ваквото соединување не претставува никакво изненадување.

Извор : Бркајработа.мк

Прегледи:
322
Објавено на:
17.11.2017