Чек дис аут
Search


Место кое нуди совршено уживање за целото семејство

Лоциран во мирното соседство во скопската населба Тафталиџе, се наоѓа “Astera Lounge Bar & Kids Club” кој веќе долги години е местото каде што секојдневно се навраќаат сите оние кои се љубители на вкусна храна и пијалак, во прекрасен топол амбиент, надополнет со посебно катче за најмладите.

Листата на менито на Астера е толку голема, што ќе најдете секаков вид на предјадење, главно јадење и десерт, проследени со вашиот омилен пијалак или коктел.

Освен прекрасната атмосфера и врвното гастрономско уживање, Астера нуди забава за целото семејство. Додека уживате во вкусовите создадени од врвни професионалци, вашите деца имаат можност да се забавуваат во бесплатната игротека на Астера, а притоа да не се грижите за нивната безбедност со обезбеден видео надзор. Освен тоа, без закуп на просторот токму тука може вашите најмили да ги прослават родендените со гратис покани, сликање, снимање, анимации, караоке и маскоти кои ќе се погрижат за насмеаните лица на најмладите.

Највеселите детски родендени во Астера…без закуп на простор и целосна забава за најмалите, а за возрасните ви нудиме креирање на сопствено мени, согласно вашите желби и потреби. Се за ваша совршена прослава во Астера! #kids #birthday #астера #инстаграмџии #инстаграмџики #salad #ceasersalad #фотонаденот #veggies #healthy #фотонанеделата #dinner #table #food #familyplace #loungebar #kidsclub #kid #restourant #caffee #skopje #relax #macedonia #скопје #македонија #vscoskopje #vscomacedonia #sunnyday #instamood #igers

A post shared by Astera – Lounge Bar&Kids Club (@astera_loungebar) on

Посетете ја Астера и дозволете си релаксација и гастрономско уживање за целото семејство, а доколку нарачате храна за носење, ви следува попуст од -20% на целокупната сума.

Сето ова е возможно бидејќи во Астера вие и вашите најдраги сте секогаш на прво место.




Коментари

коментари