Местото каде што може да ја прославите љубовта со вино и добра музика

Љубовта е емоција за која се живее, која ги буди во нас најсилните чувства, која вреди да биде прославена на вистински начин. За одбележување на љубовта е потребна саканата личност, романтичен амбиент, вино и многу музика.

Вашата сакана личност заслужува секој ден во годината да знае колку е важна во вашиот живот, но денот кога се слави љубовта и виното, нека биде уште една дополнителна причина да ја уверите во тоа.

Во центарот на Скопје постои совршено место прилагодено да ги задоволи сите ваши критериуми кое е „вкотвено“ во реката Вардар. Токму овде може да уживате со својата сакана личност за денот на вљубените. Кафе Сидро секогаш ја поддржува и ја слави љубовта, а по тој повод на 14-ти февруари, подготвува вистинска забава за вљубените.

Пријатна атмосфера надополнета со светлината на градот, уникатен амбиент совршен за романтични моменти, а сето тоа надополнето со вино, храна и музика. Љубовта и виното одат во комбинација со добрата музика, а за тоа ќе се погрижи групата МАЕСТРО, која секогаш создава незаборавна атмосфера изведувајќи ги најубавите македонски хитови.

Ваша задача е да ширите љубов, а за останатото ќе се погрижат кафе Сидро и групата МАЕСТРО. Бидете дел од магичната вечер и наздравете за љубовта, животот и сите среќни моменти кои се пред нас, на најубав начин, одбележувајќи го 14-ти февруари во кафе Сидро.




Коментари

коментари