Категории

МЕТАЛИК ЧИЗМИ – главен тренд оваа сезона

И покрај бројните нови трендови кои постојано ни доаѓаат, оние впечатливите и забавни никогаш не здосадуваат.

За студената сезона која официјално започна ни доаѓа нов ултра шик тренд кај обувките вклучувајќи ги чизмите. Покрај класичните модели од кожа и сомот, ни доаѓаат модели во металик нијанси.

 

Овој тренд ни доаѓа директно од светските модни метрополи. Тие истовремено служат и како аксесоар затоа што можат да направат вашиот обичен кежуал аутфит да изгледа модерно и тренди. Најпопуларни се сребрените и златни нијанси кои изгледаат совршено во комбинација со фармерки и маички, како и со популарните плетени фустани.

Што и да изберете да облечете, со нив секогаш ќе постигнете необичен и уникатен изглед.

Прегледи:
398
Објавено на:
12.10.2017