Мицеларна вода-најздравиот препарат за чистење шминка што може да се купи

Мицеларната вода не е некоја интернет приказна, туку во позадина се крие интересен научен проект.Овој фантастичен козметички изум е соодветен за сите типови кожа, а освен што е благ, не ја мрси и не ја суши кожата и без многу триење лесно ги отстранува остатоците од шминка по лицето.

Оваа течност со благо пребришување на лицето ќе ја исчисти нечистотијата настаната поради прашина и смог, па затоа често ја користат и девојки кои не се шминкаат, а со оглед на тоа дека ги прочистува и порите – супер е и за борба со акните и митесерите.

Што е во суштина мицеларната вода?

Мицеларната вода се формира кога во неа се додаваат разни молекули на масни киселини, фосфолипиди, соли на масни киселини (сапун)  и слично. Не содржи алкохол и е идеална за чувствителна кожа која е склона на алергиски реакции.

По чистење на кожата со мицеларна вода не е потребно да се мие лицето со вода.

Наскоро ќе ви ги препорачаме најкорисните и најупотребувани мицеларни води на пазарот… Очекувајте повеќе информации!

 




Коментари

коментари