Мила Кунис и Ештон Качер добија ќерка!

Изворите велат дека Кунис се породила на 30ти септември и донела на свет здраво женско бебе, и секако тие се пресреќни!

Парот кој го паметиме од That ’70s Show, својата љубовна приказна ја „обелодни“ пред јавноста пролетта 2011 година, а во февруари годинава се верија. Бременоста на Кунис беше будно следена од јавноста, бидејќи не ја криеше како некои ѕвезди, туку времето го поминуваше исполнето, шетајќи со својот вереник.

Нивните блиски велат дека тие се пресреќни и се створени еден за друг. Самата Кунис во интервју заW magazine во август вели „Никогаш не сакав да се венчам, а потоа… работите се променија – ја најдов љубовта на мојот живот“, и додава „Сите имаме филмски ѕвезди во кој сме заљубени, епа јас се мажам за мојот.“




Коментари

коментари