Категории

Минале 4.000 километри и им се губи секаква трага: Како една цела репрезентација преку ноќ исчезнала во Сплит?

Нешто чудно се случило во Сплит, а хрватската јавност се прашува како е можно преку ноќ да исчезна една цела репрезентација.

Имено, на европското првенство во кревање на тегови пристигнале 42 национални селекции. Меѓу нив била и азербејџанската.

Но, Октај Мухтаров, Махамад Мамадли, Камран Хусеин Исламјлов, Елнур Хусеинов, Иса Растамов и Илхам Мамадов, без трага исчезнале преку ноќ, јавува Jutarnji List.

Дошле во Сплит, потпишале прием во хотел, а потоа…Едноставно им се губи секаква трага. И повеќе од чудно по 2.700 километри минати со авион. Ако воопшто стигнале со авион, а не по 3.973 километри долгиот копнен пат.

Не се појавиле ни на борилиштето, никој од споменатите кревачи на тегови не бил виден по доаѓањето во хотелот, а не ни се јавиле на некој од организаторите.

Хрватските медиуми се сомневаат дека, всушност станува збор за избегнување на допинг контрола, која е многу засилена за ова натпреварување. Азербејџанците минатата година останале без седум ѕвезди во кревање тегови, токму поради користење на недозволени супстанци, па Jutarnji.hr се сомнева дека токму контролата е виновна за “исчезнувањето на цела една репрезентација”.

Прегледи:
354
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
09.04.2017