Категории

Mинијатурни хартиени фигури направени од стари книги

И тогаш кога ќе помислите дека ништо повеќе не може  да ве воодушеви, се појавува нешто кое ќе ве остави без зборови.

Малена Валкарсел отсекогаш била страствен читател на книги. Kористејќи стари книги, таа изработува фигури од страниците на книгите. Понекогаш користи книги кои се фрлени во контејнерите за отпадоци, некогаш оди во “second hand” прдоавници и ги зема старите книги кои вработените не можат да ги преместат, a исто така оди и во библиотеките за да ги земе несаканите или оштетените книги кои вработените ги фрлаат за да направат простор за нови. Со оглед на тоа дека изгради репутација, многу нејзини пријатели и носат стари книги со цел да ги искористи за изработка на фигурите.

Работењето со хартија е нејзината најголема мотивација. Инспирација да направи фигура добива од книгите што ги чита. Нејзините уметност овозможува да ги погледнеме книгите во сосема ново светло, па дури и да ги инспира да почнат да читаат и оние кои ретко читаат книги.

Нејзините дела ќе ве воодушеват.