Чек дис аут
Search


Мисли на Коко Шанел за модата, животот и стилот

Коко Шанел имала навистина спектакуларен живот, но не само поради препознатливиот бренд кој го креирала во историјата на модата. 

Сирачето чие право име е Габриел, а Коко бил нејзиниот прекар, шиењето го научила од калуѓерките кои ја одгледале, а својата кариера ја започнала како пејачка во Париз, пред да се одреди за дизајн. Патот до успехот за неа воопшто не бил лесен, па иако денес Шанел е препознатлив бренд насекаде во светот, за време на Втората Светска Војна, била приморана да престане со работа, а повторно се вратила во светот на модата во 1954 година, на 71 годишна возраст.

Оваа жена е вечна инспирација и пример за уметност, амбиција и доследност. Ова се некои од нејзините најпознати мисли.

„Најхраброто дело е да продолжиш да размислуваш за себе. На глас“.

„Постојат луѓе кои имаат пари и оние кои се богати.“

„За да бидете незаменливи, неопходно е да бидете поразлични.“

„Модата не е нешто што се согледува само во фустаните. Модата е на небото, на улиците, модата е поврзана со идеите, со начинот на живот, со она што се случува.“

„Секоја девојка треба да биде две нешта: Елегантна и неверојатна.“

„Природата ви го дава лицето кое го имате во дваесеттите. Животот ви го обликува лицето кое го имате во триесеттите. Но, на педесет го добивате лицето кое го заслужувате.“

„Најдобрите работи во животот се бесплатни. Второстепените најдобри работи се скапи.“

„Жената со добри чевли никогаш не е грда.“

„Не губете време удирајќи во ѕид и надевајќи дека ќе се претвори во врата.“

„Облечете се како да одите на состанок со вашиот најголем непријател.“

„Жената која не кристи парфем нема иднина.“

„Сите мажи се деца, доколку го сфатите тоа, тогаш значи дека разбирате се.“

„Некои луѓе мислат дека луксузот е спротивен од моќта. Тоа не е точно. Тој е спротивен од вулгарноста.“

„Барајте ја жената во фустанот. Доколку нема жена, нема ни фустан.“

„Живееме само еднаш. Затоа погрижете се да биде забавно.“




Коментари

коментари