„Многу повеќе од човек“

ade8cedd68afa7c4f0c78a43bc1e7e7bТи не си она што го гледаш во огледалото. Не си обликот кој го претставува една празна површина облеана со сребро. Ти си повеќе од тоа. Кога само би можело огледалото да ги види реките кои течат низ твоето тело, златножолтите полиња над кои нависнува небото од мастило и пурпурните сводови под кои се послани теписи од лилјани.. Кога би можело само огледалото да го открие вкусот на медот кој извира од твоето срце, кога би можело да ја исвири неговата мелодија да ја чујат сите.. Неговата мелодија е една и единствена и не може да се споредува со ничија друга. Ти си многу повеќе од парчето месо кое огледалото го покажува. Внатре во него се кријат песочни замоци во кои спијат илјада приказни. Таму има нешто многу повеќе од она кое што огледалото може да го покаже и другите можат да го видат. Внатре живеат шепотења кои нестрпливо чекаат да израснат во гласови. Ти си повеќе од само човек, ти си најголемото ремек дело на кое и природата му завидува. Ти не си она што другите кажуваат дека си, ти си она што сам избираш да бидеш. Пред нивните гласови да ги замолчат шепотењата во тебе, ти дај им моќ да вриснат.. Нека раскажуваат за градините кои се кријат внатре, нека дознаат за убавините кои живее во тебе.. Нека дознаат дека вистинската убавина на овој свет, се гледа со затворени очи.

– Кукла од Памук

http://kuklaodpamuk.blogspot.com
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog




Коментари

коментари